← ЧПП за СЕО

Дали е подобро SEO или Google Ads?

SEO носи долгорочен бесплатен сообраќај, а Google Ads брзи резултати. Најдобри резултати дава комбинација од двете.

Изборот помеѓу SEO и Google Ads зависи од вашите цели, буџет и временска рамка. Google Ads носи сообраќај уште од првиот ден и е одличен за нови производи, сезонски понуди или брзо тестирање на пазарот, но сообраќајот престанува штом ќе го запрете буџетот. SEO бара повеќе време за да покаже резултати, но органскиот сообраќај е бесплатен по клик и продолжува да расте и откако работата ќе се стабилизира. Корисниците исто така често им веруваат повеќе на органските резултати отколку на рекламите. Затоа, за повеќето бизниси најдобрата стратегија е комбинација: рекламите носат брзи продажби и податоци за тоа кои клучни зборови конвертираат, а SEO гради стабилна основа на долг рок. Погледнете ги нашите услуги за SEO оптимизација и платен маркетинг, или закажете консултација за да заедно го одредиме вистинскиот микс за вас.

Сакате да ве најдат на Google и во AI алатките?

Закажете бесплатна консултација и ќе ви покажеме каде стои вашата веб страна и што може да се подобри.

Закажете консултација