April 21, 2026

Што е UGC: комплетен водич за брендови (2026)

Ако некогаш сте купиле производ затоа што сте виделе „обична" личност да го препорачува на TikTok или Instagram, веќе сте ја почувствувале моќта на UGC содржината.

Марија Н.
Експерт за социјални мрежи
Време за читање: ~12 минути  •  Последно ажурирање: 21/04/2026
ugc vodic za brendovi

Што е UGC (User-Generated Content)?

UGC е кратенка за User-Generated Content — содржина креирана од корисници, а не од самиот бренд. Тоа е секое видео, фотографија, рецензија или објава во која вистински луѓе го прикажуваат вашиот производ или услуга во реална употреба.

Размислете вака: кога некој купил нов производ и снимил видео со неговиот прв впечаток — тоа е UGC. Кога оставил рецензија на Google, тоа е UGC. Кога објавил фотографија на Instagram со вашите чевли — исто, UGC.

UGC содржината доаѓа во различни формати:

  • Кратки видеа — Reels, TikTok, YouTube Shorts
  • Фотографии — производи во реална средина, не студиска сценографија
  • Рецензии и оценки — пишани искуства на сајтови и платформи
  • Testimoniali — изјави на задоволни клиенти
  • Unboxing видеа — прв впечаток при отворање пакет
  • How-to и tutorial содржина — прикажување на производот во практична употреба

Денес, во маркетинг контекст, кога зборуваме за UGC — најчесто мислиме на содржина која UGC креатори прават за брендови: изгледа природно и автентично, но е стратешки осмислена.

Зошто е UGC важен за брендови?

Бројките зборуваат сами за себе:

UGC содржина
Традиционална содржина
Цена
50–200€ по видео
Илјадници €
Доверба
Висока — делува автентично
Ниска — реклама е реклама
Автентичност
Силна — реални луѓе
Уредена, честопати вештачка
ROI
4x поголем CTR
Пониски поврат
Права
Ваши — користете каде сакате
Ограничена употреба

Автентичност и доверба

Луѓето повеќе им веруваат на другите луѓе отколку на брендовите. Кога некој на социјалните мрежи покажува производ во своите реални услови — дома, на патување, во секојдневниот живот — тоа делува многу поискрено од студиска снимка со професионално осветлување.

„Луѓето не купуваат затоа што им кажувате дека вашиот производ е добар. Купуваат затоа што гледаат дека другите го користат и го сакаат."

Поголем engagement

UGC содржината на социјалните мрежи генерира 28% поголема стапка на ангажираност споредено со брендирани постови. Причината е едноставна — луѓето скролаат и ќе имаат интерес да видат содржина креирана од други луѓе, а не реклами. UGC природно се вклопува.

Исплатливост

Професионалната продукција на ваквите видеа чини. Фотограф, видео тим, модели, локација... Сè тоа брзо се собира. Едно UGC видео чини 50–200€, а традиционална продукција може да чини илјадници — но UGC честопати дава подобри резултати.

UGC наспроти традиционална брендирана содржина

Традиционалната содржина е внимателно режирана: секој детал е осмислен, осветлувањето совршено, текстот прецизно напишан. Тоа може да изгледа професионално, но исто така може да делува нереално. Кога некој гледа совршено стилизирана фотографија, мислата е — „па да, тоа е реклама".

UGC, пак, изгледа како нешто што би поделил пријател. Снимено е со телефон, во реален простор, без сценографија. И токму таа несовршеност го прави ефикасно. Луѓето се препознаваат.

Не значи дека треба да изберете само едно. Најефективната стратегија комбинира двата пристапи. Брендирана содржина за изградба на идентитет, UGC за изградба на доверба и поттикнување конверзии.

Извор: Nosto.com

UGC наспроти Influencer Marketing: која е разликата?

Ова е едно од најчестите прашања. На прв поглед изгледаат слично, но постојат клучни разлики:

Influencer маркетингот се фокусира на досег. Ангажирате некој со голема следба за да го виде вашиот бренд što поголем број на луѓе. Плаќате за пристап до нивната публика.

UGC маркетингот се фокусира на содржина. Ангажирате креатор да направи автентична содржина која вие ја користите на вашите канали, во реклами или на сајтот. Креаторот не мора да има многу следбеници, наместо тоа, важно е да прави добра содржина.

Многу брендови ги користат двата пристапи. Но ако имате ограничен буџет и сакате содржина која конвертира, UGC е почесто попаметен избор.

Видови UGC содржина

Кратки видеа (Reels, TikTok)

Тренутно најбараниот формат. Видеа од 15 до 60 секунди кои го прикажуваат производот во употреба, демонстрираат резултати или раскажуваат приказна. Речиси 50% од луѓето бараат видеа онлајн пред да купат.

Популарни типови: unboxing, testimoniali, tutorials, „проблем и решение", „пред и по".

Фотографии и stories

Lifestyle фотографии кои го прикажуваат производот во реална средина: на работна маса, во кујна, на патување. Луѓето 56% повеќе им веруваат на фотографии направени од корисници отколку на брендирани снимки.

Рецензии

Пишани или видео рецензии во кои корисникот го споделува своето искуство. Рецензиите на купувачи се клучен дел на одлуката за купување за 86% од потрошувачите, а можат да ја зголемат конверзијата за до 270%.

Unboxing видеа

Особено популарни за beauty, tech и fashion брендови. Возбудата и реакциите во моментот на отворање ја задржуваат публиката.

How-to и tutorial содржина

Едукативна содржина која покажува како се користи производот. Додава вредност и им помага на потенцијалните купувачи да ја видат практичната примена.

Каде брендовите ја користат UGC содржината?

Во платени огласи: UGC видео реклами

Ова е можеби и најзначајната примена на UGC денес. UGC рекламите на Meta (Facebook и Instagram) и TikTok постојано ги надминуваат традиционалните рекламни материјали по CTR и конверзии. Причината е едноставна — UGC реклама не изгледа како реклама. Изгледа како препорака, и затоа луѓето не scrollуваат покрај неа.

Ако сакате конкретна UGC видео продукција за вашиот бренд, Digitalis нуди UGC видео реклами кои се изработени стратешки за да конвертираат.

На социјалните мрежи

Органски објави, Stories, Reels — UGC природно се вклопува во feed-от и постигнува подобар engagement отколку класичните брендирани постови.

На вашиот сајт

Testimoniali на landing страниците, галерија со фотографии на корисници, видео рецензии на страниците на производот. Сè тоа ја зголемува довербата на посетителите. Брендовите кои прикажуваат UGC на сајтот бележат до 64% поголема стапка на конверзија.

Како да почнете со UGC стратегија?

1. Дефинирајте ги целите

Што сакате да постигнете? Повеќе продажби? Поголем engagement? Поефтини реклами? Подобри конверзии на сајтот?

Целта го определува типот на содржина и каде ќе ја користите.

2. Пронајдете UGC креатор или охрабрете ги корисниците

Имате две опции:

Ангажирање UGC креатор: брз и предвидлив пат. Добивате висококвалитетна содржина со јасни права за употреба, без зависност од тоа дали клиентите ќе одлучат да споделуваат.

Охрабрете постоечки купувачи: понудете попуст за видео рецензија, направете брендиран hashtag, иstaknете нивната содржина на вашите канали. Бара повеќе време, но дава потполно органски UGC.

Ако сакате предвидлив тек на квалитетна содржина за огласи, соработката со UGC креатор е препорачливиот пат.

3. Направете јасен brief

Дури и кога целта е содржина да изгледа природно, на креаторот му треба јасен brief. Дефинирајте ги клучните пораки, тонот, форматот, должината и каде ќе се користи содржината. Добар brief е разликата меѓу содржина која конвертира и содржина која само изгледа убаво.

4. Мерете резултати

Следете ги engagement-от, конверзиите, CPA во огласите, времето поминато на сајтот. Податоците ќе покажат кој тип на UGC најдобро функционира за вашиот бренд.

Моќна алатка за повеќе продажби

UGC не е комплициран, но многу моќен концепт. Во свет каде потрошувачите ги игнорираат традиционалните реклами и бараат автентичност, содржина која доаѓа од вистински луѓе станува најсилното оружје на брендот.

Комбинирајте UGC со вашата постоечка маркетинг стратегија. Дефинирајте цели, пронајдете правиот креатор, направете јасен brief и мерете резултати.

Ако сакате да видите конкретно како UGC видео рекламите можат да работат за вашиот бренд, погледнете ги услугите на Digitalis — или закажете разговор директно.

Слични блогови

Повеќе од нашиот блог

Прочитај повеќе за веб дизајн, SEO и social media.