
„Колку чини веб страна?“ е прашањето што најчесто го слушаме на првиот разговор. Одговорот „зависи“ е точен, но не ви помага многу кога планирате буџет.
Затоа во овој водич даваме реални опсези на цени за изработка на веб страна во Македонија во 2027: од едноставна landing страница до е-продавница со интеграции. Ги објаснуваме и факторите што ја креваат или спуштаат цената, трошоците што доаѓаат по лансирањето и грешките поради кои „евтината“ страна на крај чини двојно.
Ако ви треба краток одговор, погледнете го и нашето прашање Колку чини изработка на веб страна?. Ако сакате целата слика, продолжете со читање.
Во Македонија, изработка на веб страна во 2027 оквирно чини од 300 до 800 € за landing страница, 600 до 1.500 € за презентациска страна за мал бизнис, 1.500 до 4.000 € за бизнис веб страна со уникатен дизајн и 1.500 до 5.000 € и повеќе за е-продавница. На ова се додаваат годишни трошоци за домен, хостинг и одржување.
Зошто цените на веб страните толку се разликуваат?
Ако побарате понуди од пет различни места, лесно може да добиете цени од 200 до 5.000 евра за, навидум, иста работа. Разликата ретко е во „алчноста“ на агенцијата. Најчесто се споредуваат сосема различни производи под исто име.
Една страна е готов шаблон со сменето лого и бои. Друга е дизајнирана од нула, со истражување на конкуренцијата, напишани текстови, вградена SEO основа, оптимизирана брзина и обука за тоа како сами да ја менувате содржината. И двете се „веб страна“, но не носат иста вредност за бизнисот.
Затоа, пред да ги споредувате бројките, проверете што точно е вклучено во секоја понуда. Подолу ви даваме рамка за тоа.
Цени за изработка на веб страна во Македонија (2027)
Опсезите подолу се засноваат на нашето искуство и на тоа што го гледаме на македонскиот пазар. Цените се приближни, без ДДВ, и служат за ориентација при планирање на буџетот, а не како фиксен ценовник.
Колку чини веб страна, според типот
Оквирни опсези за македонскиот пазар, без ДДВ.
Една страница за кампања, производ или настан. Јасна понуда, форма за контакт, основна SEO поставка.
Почетна, услуги, за нас, контакт. Најчесто прилагоден шаблон, респонзивен дизајн и Google Business поврзување.
Дизајн од нула, CMS и блог, страници за секоја услуга, SEO структура, анимации и обука за уредување.
Каталог, кошничка, онлајн и наплата при достава, достава, внесување на производи и основна аналитика.
Повеќе јазици, поврзување со ERP или магацин, резервации, кориснички профили и посебни функционалности.
Цената зависи од обемот, функционалностите и од тоа дали текстовите и фотографиите ги обезбедувате вие. За точна бројка за вашиот проект, побарајте персонализирана понуда.
7 фактори што најмногу влијаат на цената
1. Шаблон или уникатен дизајн
Шаблонот е побрз и поевтин, но изгледа слично на илјадници други страни. Уникатниот дизајн се гради околу вашиот бренд и вашите клиенти, што се гледа и во довербата и во конверзиите. Повеќе за тоа што навистина ги конвертира посетителите пишуваме во текстот UX наспроти дизајн.
2. Платформата: WordPress, Webflow или Shopify
Изборот на платформа влијае и на цената на изработката и на трошоците подоцна. WordPress е флексибилен и има огромен избор на додатоци, Webflow нуди брзина и вграден хостинг без постојани ажурирања, а Shopify е силен за сериозна онлајн продажба. Детална споредба ќе најдете во Webflow vs. WordPress vs. Shopify и во прашањето WordPress или Webflow, што е подобро за мојот бизнис?. Ако веќе сте се одлучиле, погледнете ја нашата услуга за WordPress веб дизајн.
3. Број на страници и количина на содржина
Страна со 5 страници и страна со 40 страници за услуги, локации и производи не се ист проект. Секоја посебна страница бара структура, дизајн, текст и SEO поставка.
4. Функционалности
Онлајн плаќање, резервации, повеќе јазици, калкулатори, филтри за производи, интеграција со CRM или магацин. Секоја од овие функции додава денови работа и тестирање.
5. Текстови и фотографии
Ова е најпотценетиот трошок. Ако немате подготвени текстови и квалитетни фотографии, тие мора да се изработат, и тоа е најчеста причина за доцнење на проектите. Проверете што ви треба за да започнете изработка на веб страна.
6. SEO основа и брзина
Веб страна што не е изградена со SEO во основа подоцна бара дополнителна работа и пари за поправки. Брзото вчитување и респонзивниот дизајн не се „екстра“, туку стандард. Прочитајте зошто брзината на веб страната е толку важна.
7. Рок
Итен проект значи дека тимот ги поместува другите обврски. Реално планирање штеди пари. Колку време реално трае изработката, објаснуваме во Колку време трае изработка на веб страна?.
Проценете го буџетот за вашата веб страна
Изберете тип и дополнителни потреби за да добиете оквирен опсег.
Оквирна цена на изработка
1.500 – 4.000 €
+ годишни трошоци од околу 150 – 450 € (домен, хостинг, лиценци)
Побарајте точна понудаПримери од нашата работа
Бројките имаат повеќе смисла кога ќе видите што добивате за нив. Еве три проекти од нашето портфолио на веб страници, од различни категории на цени: две е-продавници и една веб страна за услуги.

Structural: е-продавница за осветлување, Скопје
Модерен и функционален дизајн за е-продавница што овозможува лесно пребарување и беспрекорно корисничко искуство.
Види ја веб страницата →
Mobipick: мобилара во Скопје
Веб страна со систем за сервисни барања.
Види ја веб страницата →
Matteo's Little Things
Е-продавница за играчки и бебешка опрема.
Види ја веб страницата →Позадината на два од овие проекти можете да ја прочитате во нашите успешни приказни: како ја изработивме веб страната и SEO стратегијата за Mobipick и веб продавницата и SEO за Matteo's Little Things.
Трошоци по лансирањето: домен, хостинг и одржување
Цената на изработката е еднократна, но веб страната има и редовни трошоци. Добро е да ги знаете однапред, за да не ве изненадат.
- Домен: отприлика 15 до 30 € годишно за .mk или .com.mk домен, во зависност од регистрарот.
- Хостинг: варира од 60 до 300 € годишно за WordPress хостинг. Кај Webflow хостингот е вграден во планот, отприлика 170 – 450 € годишно.
- Лиценци и додатоци: платени теми, додатоци за WordPress или апликации за Shopify, од 0 до неколку стотини евра годишно.
- Одржување: ажурирања, бекап, безбедност и мали измени, најмалку 30 а најмногу и до 300 € месечно, во зависност од обемот на работа, сценарија како падната веб-страна, хакерски напад, итн.
Ако не сте сигурни што е што, прочитајте Што се домен и хостинг и дали ми се потребни? и Дали е потребно одржување на веб страната по изработката?.
Ефтина веб страна: каде најчесто се губат пари
Најефтината понуда изгледа добро на хартија. Во пракса, ова се ситуациите што ги гледаме најчесто кога клиентите доаѓаат кај нас по втор пат:
- Страната не носи упити. Изгледа уредно, но нема јасна понуда, ниту јасен следен чекор за посетителот.
- Не се појавува на Google. Нема SEO структура, мета податоци ниту брзина. Погледнете зошто веб страната не се појавува на Google.
- Не можете сами да менувате ништо. Секоја измена значи нов трошок и чекање на програмер.
- Бавна е и тешка за користење на мобилен. А повеќето посети доаѓаат токму од телефон.
- Страната не е ваша. Доменот или хостингот се регистрирани на изведувачот, па при промена губите пристап.
Резултатот е редизајн по една или две години, па вкупниот трошок станува поголем од квалитетна изработка од самиот почеток. Ако веќе сте во таа ситуација, прочитајте како да направите редизајн без губење на SEO позициите.
Што треба да содржи добрата понуда
Кога добивате понуди, барајте ги овие ставки црно на бело:
- Колку страници и кои функционалности се вклучени.
- Дали дизајнот е уникатен или е базиран на шаблон.
- Дали страната е респонзивна, тестирана на повеќе уреди и оптимизирана за брзина.
- Дали се вклучени SEO основата, мета податоците и пренасочувањата од старата страна.
- Кој ги подготвува текстовите и фотографиите.
- Дали доменот и хостингот се регистрирани на ваше име.
- Дали добивате обука за уредување и колку долго трае поддршката по лансирањето.
- Колку круга на корекции се вклучени и колку изнесува рокот.
Сите наши проекти за изработка на веб страна ги вклучуваат овие ставки во понудата, за однапред да знаете за што плаќате.
Како да ја намалите цената без да изгубите квалитет
- Подгответе ги материјалите однапред: лого, текстови, фотографии и примери на страни што ви се допаѓаат.
- Почнете со она што ви носи клиенти, а дополнителните функции додадете во втора фаза.
- Изберете ја вистинската платформа за вашите потреби, наместо најпопуларната.
- Давајте брзи и обединети повратни информации, за да нема непотребни кругови на корекции.
- Мислете на маркетингот уште на почеток. Страната е алатка: без SEO оптимизација или платени кампањи ретко ќе ја види некој. Ако сè уште не знаете со што да почнете, прочитајте дали е подобро SEO или Google Ads.
Најнов проект: портфолио веб страна за motion designer
Добар пример за тоа како јасна цел го одредува обемот на проектот е нашата најнова изработка. Наместо големо мени и многу страници, сè е изградено околу една цел: видео-портфолиото да биде во преден план, а патот до контакт да биде краток.
Видете ги и останатите успешни приказни и резултати, меѓу кои и како „Где за дочек“ прерасна во прегледен сајт со блог и SEO.
Најчести прашања за цената на веб страна
Колку чини веб страна за мал бизнис во Македонија?
Презентациска веб страна за мал бизнис, со 5 до 8 страници, приближно чини од 600 до 1.500 €. Ако сакате уникатен дизајн, блог и посебна страница за секоја услуга, сметајте на 1.500 до 4.000 €.
Колку чини е-продавница?
Е-продавница на WooCommerce или Shopify приближно чини од 1.500 до 5.000 €, во зависност од бројот на производи, начините на плаќање и достава и интеграциите. Ако планирате реклами, прочитајте и зошто повеќето е-продавници трошат на Meta Ads, а малку заработуваат.
Дали SEO е вклучено во цената на веб страната?
Техничката SEO основа треба да биде вклучена во секоја квалитетна изработка. Континуираната SEO оптимизација е посебна, месечна услуга. Повеќе за цената на тоа прочитајте во Колку чини SEO оптимизација? и Што е SEO и зошто е важно за мојот бизнис?.
Дали е подобро да платам еднократно или месечно?
Еднократната изработка ви дава целосна сопственост над страната. Месечните модели ја распоредуваат цената, но проверете дали страната останува ваша ако ја прекинете соработката.
Сите одговори на едно место ќе најдете во нашите најчести прашања за веб дизајн.
Сакате точна цена за вашата веб страна?
Опсезите во овој водич ви даваат реална рамка за планирање. Точната цена зависи од вашите цели, па најбрзиот начин да ја дознаете е краток разговор.
Погледнете како работиме на страницата за веб дизајн, а потоа побарајте бесплатна понуда. Ќе ви одговориме со јасна понуда, без скриени трошоци.
Повеќе од нашиот блог
Прочитај повеќе за веб дизајн, SEO и social media.




