Веб дизајн
SEO & Meta Ads

Matteo's Little Things - Изработка на веб продавница и SEO

Веб продавница и SEO стратегија за Matteo's Little Things
Objective
Да се зголемат кликовите и продажбите на сајтот.
Strategy
Launched engaging social media campaigns on Facebook and Instagram featuring "Burger of the Week" and a user-generated content contest.

Изработка на веб продавница и SEO/Meta Ads за Matteo's Little Things

Matteo’s Little Things е онлајн продавница за детски дрвени играчки и аксесоари, основана и водена од мајка на две деца и успешен претприемач. На почетокот, сајтот функционираше како едноставен каталог без оптимизации за пребарувачи и со ограничена видливост на социјалните мрежи.

Целта беше да се подобри брзината на сајтот, да се имплементира SEO со schema markup, и да се зголеми присуството на брендот на Google и Meta Ads за да се привлечат повеќе локални и меѓународни купувачи.

Изгледот на главната страница.

SEO оптимизација и структура на сајтот

  1. Имплементиравме structured data и schema markup, што овозможи Google да ги препознава категориите, атрибутите на производите и нивната достапност.
  2. Редизајниравме категориите и страниците за производи за полесна навигација и подобра конверзија.
  3. Оптимизиравме брзината на сајтот, намалувајќи време на вчитување и подобрувајќи го корисничкото искуство, што директно влијае на SEO рангирањето и задржувањето на посетителите.

Meta Ads стратегија

  1. Креиравме кампањи со различни цели, комбинирајќи промоции, новости и акции.
  2. Карусел постови беа користени за презентирање на повеќе играчки и аксесоари во еден оглас, идеално за промоции и попусти.
  3. Reels видеа беа фокусирани на storytelling и интеракција со клиентите, прикажувајќи како играчките се користат и поттикнувајќи разговори и повратни информации.
  4. Максимално ја искористивме комуникацијата на социјалните канали за да градиме лојалност, доверба и интеракција со клиентите, достапни 24/7.
  5. Комбиниран канал за раст
    • Со интегрирана стратегија за SEO и Meta Ads, брендот доби стабилна база на органски посети, зголемен број следачи на Instagram и директни нарачки преку веб-страницата.

Резултати

  • 1,900% зголемена видливост преку Meta Ads, што директно се одрази на продажбата и ангажманот.
  • 88% повеќе органски посети, благодарение на SEO и структурирани податоци.
  • Рангирање на категориите во Google меѓу топ конкуренти за главните клучни зборови во детскиот сегмент.
  • Зголемување на следбениците на Instagram, со поголема интеракција и директни пораки од потенцијални клиенти.
  • Значително зголемена конверзија преку веб-страницата, со оптимизирани страници за производи и брза навигација
  • Покрај Meta Ads, голем дел од посетите доаѓаат директно од Google, благодарение на SEO оптимизацијата и добро структурираниот сајт.

Тренд на посети во случајно одбран период. (GA4)

Рецензија од клиент

„Како мајка и претприемач, мојата цел беше мојата страница да биде не само убав каталог, туку и функционална продавница која привлекува вистински клиенти. Тимот не само што го подобри SEO-то и брзината на сајтот, туку ни помогна да креираме Meta Ads кампањи кои вистински го промовираат брендот и производите. Резултатите се импресивни — органскиот сообраќај порасна за 88%, видливоста на рекламите порасна речиси 20 пати, а нашите категории сега рангираат високо меѓу конкурентите. Дополнително, повеќе родители и компании не следат на Instagram и редовно ни испраќаат прашања, што ја зголемува довербата и интеракцијата со клиентите.“
Анџела Џ., основач
Контактирајте нè

Клик за бесплатна анализа на вашиот сајт

Вашиот бренд може лесно да биде дел од нашите успешни приказни. За почеток, можете да закажете состанок, каде ќе ви презентираме целосна анализа и стратегија за вашата веб страна.