SEO
Meta Ads

Мегатехна - раст на посети и продажби со SEO

Целосна SEOоптимизација и нова стратегија за дигитални медиуми која вроди со плод уште во првите 3 месеци.
Objective
Зголемување на продажби преку SEO и маркетинг социјални медиуми.
Strategy
Целосна on-page оптимизација на сајтот, нови креативи за социјални медиуми и Meta Ads, и реорганизација на категории.

SEO и Meta Ads за Мегатехна, продавница за материјали и оков за мебел

Мегатехна е познат бренд и продавница за материјали и оков за мебел во Скопје, со адреса на ул. Интернационални Бригади бр.4. Нивната веб страница на почетокот функционираше само како каталог на производи, без можност за директна нарачка или ефективна конверзија.

Салонот на Мегатехна во Скопје.

Нашиот прв чекор беше да ја реорганизираме целата веб-страница, со цел да се подобри корисничкото искуство, навигацијата и визуелната структура. Го редизајниравме почетниот екран, ги реорганизиравме категориите за полесно пребарување на производите и имплементиравме функционалност за онлајн нарачка преку WooCommerce, со што каталогот се претвори во целосно функционална веб-продавница.

Доминација на Google за главни клучни зборови

Паралелно, имплементиравме on-page SEO со structured data и schema markup. Оваму овозможи на Google автоматски да ги препознава атрибутите на производите како димензии, материјали, брендови и достапност. Како резултат, Мегатехна доби далеку подобра видливост на пребарувачите.

Schema SEO оптимизација за Мегатехна. (Google)
Оптимизација со Schema за Мегатехна. (Google)

Следно, развивме сеопфатна SEO стратегија и Meta Ads кампања, насочена кон локален раст и B2B клиенти.

‍Ги следиме сите трендови во оваа индустрија и пишуваме релевантни блог постови за истите. Направивме FAQ страница која им ги дава сите точни одговори на посетителите, но е и одлично место од каде Google може да црпи информации и да дава одговори директно во резултатите за пребарување.

Meta Ads стратегија со промоции, акции, новости

Заедно со SEO активностите, развивме и целосна Meta Ads стратегија која ги користи сите предности на социјалните канали за зголемување на продажбата, видливоста и лојалноста на клиентите. Стратегијата е насочена кон промоции, акции и новости, и ја комбинира комуникацијата за производи со изградба на брендот.

Клучните елементи на кампањата вклучуваат:

  • Различни цели во Meta Ads: од промоција на конкретни производи и акции, преку зголемување на свесноста за брендот, до привлекување на нови потенцијални клиенти (lead generation).
  • Различни формати на креативи:
    • Карусел постови за презентирање на повеќе производи или колекции во еден оглас
    • Reels видеа за динамична презентација на новости и промоции
    • Статични и визуелно привлечни креативи за промоции и тим активности
  • Интегрирана комуникација со потрошувачите, со цел максимално искористување на социјалниот канал за директна интеракција и изградба на доверба.

Овој пристап не само што ја зголемува конверзијата, туку и гради лојалност и интегритет како бренд, достапен за клиентите 24/7, кој брзо одговара на нивните потреби и прашања. Со комбинација на креативни формати и добро дефинирани цели, Meta Ads стратегијата значително ја зајакна присутноста на Мегатехна на социјалните мрежи и директно придонесе кон растот на продажбата и бројот на нови клиенти.

Спонзорирана кампања за комбо пакети. (Meta Ads)
Кампања за ѕидни профили. (Meta Ads)

‍Резултати од нашата работа

После шест месеци работа, резултатите беа исклучителни:

  • Мегатехна веќе рангираше меѓу првите три резултати на Google за клучни зборови како „садопери“, „иверка“, „медијапан“, „кујнски славини“ и други.
  • Органскиот сообраќај се зголеми за повеќе од двојно (65%)
  • Редовно пристигнуваат нови нарачки преку веб-страницата.
Еден пример ор месечниот раст на посети на страницата на Мегатехна. (GA4)
Пример од раст на органски посетители за 90 дена. (GA4)

💬 Рецензија од клиент

„Пред соработката со тимот, нашата веб-страница беше само каталог и многу производи не се прикажуваа правилно, без јасни атрибути што Google би можел да ги препознае. Најголемиот предизвик беше како да ги организираме сите категории и атрибути така што и локални клиенти и Б2Б партнери лесно ќе ги најдат производите што ги бараат. Тимот го реши тоа со структурирани податоци и schema markup, и сега Google не само што ги фаќа сите важни атрибути, туку ние редовно рангираме меѓу првите три за клучни зборови како „садопери“, „иверка“ и „кујнски славини“. Дополнително, Meta Ads кампањите со reels и статични реклами ни донесоа нови локални клиенти, а нарачките се редовни и стабилни. Соработката со овој тим е лесна, професионална и резултатите се видливи.“
Андреј Н.
Генерален менаџер, Мегатехна

Контактирајте нè

Клик за бесплатна анализа на вашиот сајт

Вашиот бренд може лесно да биде дел од нашите успешни приказни. За почеток, можете да закажете состанок, каде ќе ви презентираме целосна анализа и стратегија за вашата веб страна.