Веб дизајн
UX/UI

Изработка на портфолио веб-страница за motion designer

За наш клиент кој е дизајнер на анимирана графика, изработивме веб-страница што ги става видеата во центарот на корисничкото искуство. Комбиниравме визуелно впечатливо портфолио со едноставна навигација, јасно претставено професионално искуство и директни можности за контакт. Дизајнот е респонзивен, со приказ приспособен за десктоп и мобилни уреди.
Цел
Да создадеме професионална веб-страница преку која потенцијалните клиенти, агенциите, продукциските студија и регрутерите лесно ќе ги разгледаат проектите, ќе ги запознаат услугите и искуството на Leo и ќе направат следен чекор кон соработка. Кај motion designer, квалитетот на работата најдобро се прикажува преку видео. Затоа, главната цел беше портфолиото да биде во преден план, со доволно контекст за посетителот да процени дали стилот и експертизата одговараат на неговиот проект.
Стратегија
Нашиот пристап се засноваше на визуелно растоварен интерфејс и практичен преглед на видео-проектите. Користевме темна основа, јасна типографија и дискретни тиркизни акценти за содржината да дојде до израз. Сајтот го организиравме во три главни секции: Portfolio, Experience и Contact. Постојано достапната долна навигација овозможува едноставно преминување меѓу работата, професионалниот профил и контактот.

За нашиот клиент Лео Станковиќ, дизајнер на анимирана графика, специјализиран за анимација на логоа, 2D и 3D анимации и видеообработка, создадовме професионална веб-страница со интерактивен веб дизајн што го става видео-портфолиото во преден план и го претвора разгледувањето на проектите во впечатливо визуелно искуство.

Преку јасна навигација и прегледно претставени услуги и професионално искуство, потенцијалните клиенти, агенциите, продукциските студија и регрутерите лесно можат да го запознаат неговиот креативен стил, да ја проценат неговата експертиза и да направат следен чекор кон соработка.

Веб страница со видео-портфолио и два начина на разгледување

Портфолиото го осмисливме како интерактивен визуелен ѕид од видео-проекти, инспириран од телевизиски екрани. Приказот го одразува карактерот на професијата и ги повикува посетителите да ја истражат работата.

За различните потреби на публиката, вклучивме можност за префрлување меѓу Grid / Wall view и List view. Визуелниот ѕид нуди поистражувачко искуство, додека List view ги организира проектите во прегледен распоред со јасни наслови и тип на видео.

Така, посетителот може да избере како ќе го разгледува портфолиото, дали тоа е преку визуелно истражување или преку посистематичен преглед на примерите. Меѓу прикажаните проекти се Google Cloud, OhhSooCute, ANTS2, TyresOnline и Eeva, со примери за лого-анимации и промотивни видеа.

Mockup за почетната страница.

Професионално искуство што ја поддржува работата

Секцијата Experience ја поврзува креативната работа со професионалната позадина на Leo. Преку јасно издвоени картички ги претставивме услугите: анимација на лого, 2D motion graphics, 3D анимација, VFX и композитинг, видео-монтажа и AI видео.

Посебно место добија професионалната временска линија и показателите наведени во неговиот профил: повеќе од 16 години искуство, над 10.000 завршени проекти, повеќе од 4.000 клиентски рецензии и просечна оценка 4,9.

Искуството е прикажано хронолошки, со работа во VFX, креирање и монтажа на YouTube содржини и freelance проекти за меѓународни клиенти. Клиентските рецензии и поврзувањето со Fiverr му овозможуваат на посетителот дополнително да ја истражи неговата репутација.

Вклучивме и дел за AI и автоматизација, кој покажува како овие алатки се вклопуваат во неговиот креативен процес.

Интерактивен приказ на проектот штом ќе се кликне низ него од почетната страница.
Дел од страницата посветен на услугите.

Контакт приспособен на целната публика

Контакт-секцијата ја организиравме околу две конкретни потреби: започнување нов проект и испраќање покана за работна позиција.

Повикот „Start a project“ ги насочува потенцијалните клиенти кон разговор за соработка. Опцијата „Invite me to apply“ е наменета за регрутери и студија, со посебна форма за компанија, позиција, линк до огласот и тип на ангажман.

Овој пристап им дава јасна насока на различните посетители и помага уште првиот контакт да содржи релевантни информации.

Насока кон соработка и контакт форма.

Видео-портфолио со два начина на разгледување

Портфолиото го обликувавме како интерактивен видеоѕид, инспириран од телевизиски екрани. Заоблените картички, ознаките за канали и суптилната текстура му даваат карактер што природно се поврзува со професијата на клиентот.

За различните навики на посетителите предвидовме два начина на приказ:

  • Grid / Wall view: визуелно истражување на проектите преку интерактивен распоред на видеоекрани.
  • List view: структуриран преглед со јасно прикажани имиња и типови на проекти, погоден за побрзо разгледување.
List view опција за полесно пребарување на проекти.

Примерите како Google Cloud, OhhSooCute, ANTS2, TyresOnline и Nilo ја прикажуваат разновидноста на работата, од анимации на логоа до промотивни видеа. Ваквата организација им помага на посетителите полесно да препознаат стил и услуга што одговараат на нивниот проект.

Респонзивен дизајн за мобилни уреди

Распоредот, типографијата, картичките и копчињата ги приспособивме за помали екрани, задржувајќи го препознатливиот изглед на страницата. Мобилната верзија ги поврзува портфолиото, искуството и контактот преку навигација поставена во долниот дел од екранот, за лесно преминување меѓу главните секции.

Респонзивен дизајн прилагоден за секој мобилен уред.

Резултат

Создадовме веб-страница што ја обединува креативната работа на Leo Stankovik во јасна професионална презентација. Видео-портфолиото го покажува неговиот стил, секцијата за искуство дава контекст и кредибилитет, а контакт-страницата отвора директен пат до нова соработка.

Погледнете го проектот: www.leostankovik.com.

‍

‍

Контактирајте нè

Клик за бесплатна анализа на вашиот сајт

Вашиот бренд може лесно да биде дел од нашите успешни приказни. За почеток, можете да закажете состанок, каде ќе ви презентираме целосна анализа и стратегија за вашата веб страна.