Како да се појавам во Google AI Overviews?
За Google AI Overviews потребно е добро рангирање, директни одговори на прашања, структурирана содржина и висок квалитет и доверба на страната.
Google AI Overviews се кратките AI одговори што се прикажуваат најгоре во резултатите на Google, со линкови до изворите. Google ги избира овие извори од страниците што веќе ги има во својот индекс, па затоа солидното SEO е првиот услов. Страниците што се рангираат на првата страна имаат значително поголема шанса да бидат цитирани. Потоа, структурирајте ја содржината така што на секое прашање ќе одговорите директно, во една до две реченици, а потоа ќе дадете детали. Користете јасни поднаслови, листи, табели и FAQ секции со соодветно schema означување. Google особено цени содржина што покажува искуство, стручност и доверба, на пример автор со вистинско име, реални примери и ажурирани податоци. Следете ги импресиите во Google Search Console за да видите напредок. Со ова секојдневно работиме во рамки на нашата SEO оптимизација, а ако сакате анализа на вашите страници, контактирајте не.
Сакате да ве најдат на Google и во AI алатките?
Закажете бесплатна консултација и ќе ви покажеме каде стои вашата веб страна и што може да се подобри.
Закажете консултација