Која е разликата помеѓу SEO и GEO?
SEO ве рангира во резултатите на Google, а GEO ве прави дел од одговорите на AI алатките. Двете се надополнуваат и најдобро работат заедно.
SEO и GEO имаат иста цел, да ве најдат потенцијалните клиенти, но работат на различни места. SEO ве позиционира во класичните резултати на Google, каде корисникот гледа листа од линкови и сам избира на кој ќе кликне. GEO е насочено кон AI алатките, каде корисникот добива готов одговор, а вашиот бизнис или се спомнува или воопшто не постои во тој одговор. Кај SEO мерите позиции и кликови, а кај GEO мерите колку често AI ве спомнува и во каков контекст. Сепак, основите се исти: брза и технички исправна веб страна, квалитетна содржина и авторитет преку линкови и споменувања. Разликата е во формата, бидејќи GEO бара уште појасни директни одговори, факти и структура што AI лесно ја цитира. Најдобри резултати се постигнуваат кога двете се работат заедно, што е и нашиот пристап кон оптимизација на веб-страна. Повеќе за основите прочитајте во што е SEO.
Сакате да ве најдат на Google и во AI алатките?
Закажете бесплатна консултација и ќе ви покажеме каде стои вашата веб страна и што може да се подобри.
Закажете консултација