Како да се прикажувам во AI алатки?
Во AI алатките се прикажуваат брендови со структурирана содржина, силен онлајн авторитет и веб страна што AI ботовите можат да ја прочитаат.
AI алатките како ChatGPT, Gemini, Perplexity и Copilot ги градат одговорите од два извора: од знаењето со кое се тренирани и од страници што ги наоѓаат со пребарување во реално време. За да се прикажувате, треба да работите на двата фронта. Прво, веб страната мора да биде технички исправна, брза и отворена за пребарувачи и AI ботови. Второ, содржината треба да е напишана така што AI лесно ќе ја цитира: прашање како наслов, директен одговор во првите реченици, листи, табели и конкретни бројки. Трето, градете авторитет надвор од вашиот сајт преку статии, интервјуа, Google рецензии и присуство на релевантни платформи. Колку почесто и подоследно се спомнувате, толку е поголема веројатноста AI да ве вклучи во одговор. Овој пристап го применуваме во нашата оптимизација на веб-страна, а основите можете да ги научите и на нашите обуки за SEO и AI.
Сакате да ве најдат на Google и во AI алатките?
Закажете бесплатна консултација и ќе ви покажеме каде стои вашата веб страна и што може да се подобри.
Закажете консултација