June 5, 2026

Како да се појавите во ChatGPT, Gemini и други AI алатки во 2026

Сакате вашиот бизнис да биде спомнат и препорачан во алатки како ChatGPT, Gemini и Perplexity? Прочитајте го нашиот комплетен водич за AI оптимизација.
ugc vodic za brendovi

Пред неколку години, целта беше едноставна: да бидете на првата страница на Google. Сите знаеја што значи тоа, сите работеа кон тоа.

Денес нештата се сменија доста брзо.

Сè повеќе луѓе наместо да отвораат Google и да пребаруваат низ линкови, едноставно прашуваат ChatGPT, Gemini или Perplexity. И наместо листа од сајтови, добиваат готов одговор — со конкретни препораки, компании, услуги.

Ако вашиот бизнис не е дел од тој одговор, практично не постоите за тој корисник.

Затоа прашањето повеќе не е само „Како да се рангирам на Google?" Прашањето е: „Зошто AI не ме препорачува?"

Тоа е GEO — и тоа е следниот чекор по SEO

Generative Engine Optimization (GEO) е дисциплина која се занимава токму со ова: да се осигурите дека AI системите ве препознаваат, ве разбираат и ве препорачуваат кога некој поставува прашање во вашата ниша.

Не е магија. Не е ни толку комплицирано. Но бара свесност и конкретни чекори.

Зошто AI не ги прикажува сите подеднакво?

ChatGPT, Gemini и Perplexity не работат како класичен пребарувач. Не бараат само совпаѓање на зборови — тие оценуваат дали некој извор е доверлив, структуриран и авторитетен.

Со поедноставени зборови: AI прашува „дали овој бизнис изгледа легитимно и корисно на интернетот?" Ако одговорот е да — поголема е шансата да ве спомене.

Тоа значи дека ги зема предвид работи како: дали имате рецензии, дали сте спомнати на други сајтови, дали вашата содржина одговара на вистински прашања, дали техниката на сајтот е уредна.

Ајде да поминеме низ секој фактор.

како функционира AI алгоритам за детекција

1. Направете го сајтот лесен за читање (и за луѓе и за машини)

AI системите скенираат структура, не само текст. Страниците кои најчесто се цитираат имаат јасни наслови (H1, H2, H3), логичен редослед, конкретни одговори и FAQ секции.

Ако вашата „За нас" страница е еден долг параграф без структура, AI ќе ја прескокне. Веб crawler-ите се напредни системи кои следат добра структура и знаат како еден блог, страница за услуги или категорија на производи треба да изгледа.

Добрата структура не е само за пребарувачи. Таа помага и на вашите посетители да ја најдат информацијата побрзо. Двојна придобивка.

препорачана структура на веб страница со наслови

2. Schema Markup: алатката за која малку зборуваат, а многу вреди

Замислете дека некој нов доаѓа на вашиот сајт и нема никаков контекст за вас. Не знае дали сте компанија или физичко лице, не знае каде работите, не знае дали нудите услуги или производи. Мора сам да го прочита сè и да склопи слика.

Токму тоа го прави AI кога го посетува вашиот сајт и види дека нема соодветна Schema. Во тој случај, шансите да рангирате во Google AI Overiews или ChatGPT се доста мали.

Schema Markup е технички начин да му кажете директно: „Ова е мојот бренд. Ова го нудам. Ова се моите контакти. Ова се моите оцени." Наместо AI да „погодува" од текстот, вие му давате структурирана, јасна информација. Резултатот: подобро разбирање, поголема шанса да ве цитира.

Кои типови Schema се најважни?

Organization Schema — го опишува вашиот бренд: името, логото, веб сајтот, социјалните мрежи. Ова е основата — без неа AI не знае со сигурност кој стои зад сајтот.
Local Business Schema — критично за локални бизниси. Содржи адреса, работно време, телефон, локација. Gemini особено го користи ова кога некој бара услуга „во Скопје" или „близу мене".
Service Schema — ги опишува конкретните услуги кои ги нудите. Ако имате повеќе услуги, секоја може да има своја Schema. Тоа значи дека AI знае дека нудите, на пример, „изработка на веб сајт" и „SEO оптимизација" — одделно, не само генерички.
FAQ Schema — секое прашање и одговор кои ги имате на сајтот можат да бидат означени. AI пребарувачите особено ги сакаат FAQ секциите затоа што веќе имаат формат на прашање-одговор — токму онака како работат.
Review Schema — ако имате рецензии на сајтот, Schema им дава тежина. AI гледа дека тие се структурирани, верификувани оцени — не само текст.
ChatGPT оптимизација и schema елементи за видливост

Како практично се имплементира?

Добрата вест: не мора да пишувате код рачно. Постојат три главни начини:

1. WordPress плагини: најлесен пат за повеќето бизниси

Ако вашиот сајт е на WordPress, имате среќа. Плагини како Yoast SEO и RankMath веќе имаат вградена Schema поддршка — треба само да ги поставите правилно.

  • Yoast SEO — во делот „Search Appearance" можете да дефинирате дали сте Organization или Person, да го додадете логото, социјалните профили и основните информации. FAQ и HowTo блокови во самиот едитор автоматски генерираат Schema.
  • RankMath — малку понапреден, со посебен „Schema Generator" каде можете да изберете тип (Local Business, Service, FAQ, итн.) и да ги пополните полињата преку едноставен интерфејс. Без допирање на код.

Ве интересираат повеќе алатки за добра оптимизација? Еве ги некои од најдобрите SEO алатки кои може да ви помогнат со вашата видливост.

Важно: само инсталирањето на плагинот не е доволно. Треба активно да го поставите — да внесете точни информации, да изберете правилен тип на бизнис, да поврзете социјални профили.

JSON-LD директно во кодот — за поголема контрола

За посложени случаи или за сајтови кои не се на WordPress, Schema може да се додаде директно во HTML кодот на страницата, во форма на JSON-LD блок. Изгледа вака:

json

<script type="application/ld+json">
{
 "@context": "https://schema.org",
 "@type": "LocalBusiness",
 "name": "Вашата Компанија",
 "address": {
   "@type": "PostalAddress",
   "streetAddress": "Улица бр. 1",
   "addressLocality": "Скопје",
   "addressCountry": "MK"
 },
 "telephone": "+389-XX-XXXXXX",
 "url": "https://vashiot-sajt.mk"
}
</script>

Овој блок се става во <head> делот на страницата. Не е видлив за посетителите, но е сосема јасен за AI системите и Google. Ова е официјалниот препорачан формат од Google и го читаат сите поголеми AI пребарувачи.

Личи комплексно? Нашите обуки за SEO и дигитален маркетинг може еда ви помогнат да го разберете ова подобро и да знаете како да оптимизирате веб-страници за подобра видливост.

Google Rich Results за верификација

Откако ќе ја додадете Schema (на кој и да е начин), проверете дали е исправна преку Google Rich Results Test. Ако нешто не е во ред — алатката ви кажува точно каде е проблемот.

3. Рецензиите се (сè уште) едно од најмоќните оружја

Ова е веројатно местото каде повеќето компании губат без да знаат.

AI системите активно бараат сигнали за доверба пред да препорачаат некој бизнис. А рецензиите се еден од најсилните такви сигнали. Не само бројот — туку и каде се, дали се свежи, дали има одговори.

Google Reviews, Trustpilot, Facebook, индустриски директориуми — сè тоа се места каде вашата репутација е видлива. И AI ги чита сите.

Ако немате активна стратегија за собирање рецензии, тоа е прво место за почеток.

Google reviews примери.

4. Пишувајте за прашања, a не за себе

Најчестата грешка: компаниите пишуваат содржина за себе. „Ние сме водечки..." „Нашата мисија е..." „Со години искуство..."

AI не бара такви текстови. Корисниците не бараат такви текстови.

Тие бараат одговори. Практични, конкретни, корисни.

Наместо „Ние сме најдобрата агенција" — напишете:

  • Колку чини SEO во Македонија?
  • Колку трае оптимизацијата за да даде резултати?
  • Каква е разликата меѓу SEO и Google Ads?

Токму ваквите прашања AI ги препознава и ги користи кога генерира одговор за некој корисник. Ако имате напишано квалитетен одговор на нив — шансата да ве цитира се зголемува значително.

5. Вашиот бренд треба да постои и надвор од сајтот

Еден од поголемите разлики меѓу класичниот SEO и GEO е следново: AI особено ги цени споменувањата од трети страни.

Замислете го вака: ако само вие зборувате за себе, тоа е реклама. Ако за вас зборуваат други — тоа е репутација. И AI прави токму таа разлика.

Кога ChatGPT или Perplexity одлучуваат кого да препорачаат, тие не гледаат само на вашиот сајт. Тие гледаат колку пати и каде на интернетот се спомнувате. Дали сте листани во бизнис директориуми? Дали некој новински портал напишал за вас? Дали некој во вашата област ве цитирал?

Секое такво спомнување е сигнал: „Овој бизнис постои, е активен и другите го признаваат."

Каде конкретно да градите присуство?

  • Локални и национални медиуми — дури и краток прилог или интервју на познат портал носи многу повеќе тежина отколку десет блог постови на вашиот сајт
  • Бизнис директориуми — Златна книга, Google Business и слични локални деловни регистри; многу AI системи директно ги користат овие бази
  • Публикации во вашата област — ако сте во маркетинг, технологија, градежништво или која и да е друга дејност, постојат специјализирани сајтови каде гостински текст или коментар ве поставува како стручњак
  • Гостински текстови — напишете нешто корисно за туѓ сајт со поголем авторитет; добивате линк, добивате спомнување, добивате доверба
  • Цитати и експертски мислења — присуство на форуми и платформи како Reddit, каде луѓето споделуваат искуства и препораки, може да донесе органски спомнувања кои AI системите активно ги читаат и цитираат

Ова не се гради преку ноќ. Дури и неколку квалитетни спомнувања на вистинските места можат значително да ја подигнат вашата видливост во AI одговорите. Квалитетот на изворот е многу поважен од количината.

каде да градите онлајн присуство за подобро СЕО

6. Google Business Profile, особено ако сте локален бизнис

Ако имате физичка локација или работите во одредена средина, Google Business Profile е еден од најдиректните и најбрзите GEO сигнали што можете да ги активирате — и е целосно бесплатен.

Gemini особено се потпира на локални податоци поврзани со Google екосистемот. Кога некој праша „која е најдобрата пекара во Скопје" или „препорачај ми сервис за телефони во Центар" — Gemini прво гледа во Google Business податоците. Ако вашиот профил е непотполн или застарен, едноставно нема да се појавите.

7. Техничката оптимизација на сајтот не смее да се игнорира

Некои компании мислат дека ако содржината е добра, техничката SEO оптимизација може да почека. Тоа е грешка која може да ве чини многу во изгубени посети.

Замислете дека имате одличен производ, но продавницата е заклучена. Никој не може да влезе. Истото важи за сајт со добра содржина но лоша техничка основа — AI едноставно нема да ја прочита.

Што конкретно значи „техничка оптимизација" на вашиот сајт?

Индексираност — дали Google и AI пребарувачите воопшто можат да ги најдат вашите страници? Ако страницата не е индексирана, таа за нив не постои. Ова се проверува преку Google Search Console, и е првото место за почеток.
Брзина на сајтот — бавните сајтови се казнуваат и од Google и се прескокнуваат од AI crawlers. Страница која се вчитува за повеќе од 3-4 секунди губи и посетители и видливост. Алатки како PageSpeed Insights даваат конкретни препораки за подобрување.
Чиста HTML структура — кодот на страницата треба да биде уреден и логичен. Наслови во правилен редослед (H1, H2, H3), параграфи добро обликувани, без скршен или застарен код. AI системите го скенираат HTML директно — ако е неуреден, дел од содржината едноставно се губи.
Crawlability — дали сајтот им „дозволува" на пребарувачите да ги посетат сите важни страници? Погрешно поставен robots.txt фајл или блокирани линкови можат ненамерно да скријат цели делови од сајтот.
Мобилна верзија — поголемиот дел од пребарувањата денес се од телефон. Ако сајтот не изгледа добро на мобилен, тоа директно влијае на рангирањето и читливоста за AI системите.

Добрата техничка оптимизација не е нешто што го правите еднаш и заборавате. Сајтовите се менуваат, додаваат се нови страници, се менува хостингот — и со тоа можат да се појават нови проблеми. Редовна проверка, дури и на секои неколку месеци, е доволна за да бидете сигурни дека сè работи како што треба.

Како Digitalis може да ви помогне да рангирате на chatGPT, Perplexity, Gemini и други AI пребарувачи

Во 2026 година, да се бидепрв на Google е добро, но веќе не е доволно.

Корисниците сè почесто почнуваат своето пребарување во ChatGPT или Perplexity. И ако вашиот бизнис не е дел од тој одговор — тие никогаш нема ни да знаат дека постоите.

GEO не е замена за SEO. Тоа е новиот начин на пребарување, со огромен бенефит за тие што знаат како да ги оптимизираат своите страници соодветно. Компаниите кои почнуваат денес ќе имаат огромна предност пред оние кои ќе чекаат.

Ние веќе го правиме ова и нашите клиенти гледаат резултати

Нашата агенција активно работи на GEO оптимизација за бизниси во Македонија, и резултатите веќе се видливи.

Еден пример: Mobipick веќе почна да добива кликови директно од ChatGPT. Тоа не е теорија. Тоа е се реални посети секој ден кои доаѓаат директно од луѓе кои пребаруваат мобилни телефони, сервис за нивниот смартфон и останати слични услуги.

рангирање во АИ резултати ChatGPT за наш клиент
Како му помогнавме на наш клиент, Mobipick, да се појавува во ChatGPT во една компетитивна индустрија (мобилари и мобилни телефони).

Ако сакате вашиот бизнис да биде следниот кој ќе се појави кога некој ќе прашува во ChatGPT или Gemini за тоа што го нудите — контактирајте не и ајде да разговараме.

Сè уште е рано. Сè уште има простор. Но знајте дека тојпростор брзо се пополнува.

Слични блогови

Повеќе од нашиот блог

Прочитај повеќе за веб дизајн, SEO и social media.